Жељазков: Целта на нашите пријатели од Северна Македонија не е да го преземат Вавилон, туку да влезат во ЕУ

од Milan1
20 прегледи

Имавме многу добар разговор со претседателката на Северна Македонија, рече бугарскиот премиер Росен Жељазков денеска во Хаг по повод изјавата на Гордана Силјановска-Давкова дека имала „пријатен, протоколарен, пријателски разговор“ со него пред вечерата во рамките на самитот на НАТО во Холандија, пренесува бугарската БТА.

„Ја побарав претседателката на Северна Македонија затоа што, знаете, ставот на Бугарија е дека Република Северна Македонија треба да биде дел од Европската Унија. Имавме многу добар разговор, разговаравме за човекови права, за европски вредности, разговаравме за тоа дека јазикот на официјалните претставници на земјите треба да всадува пријателство, а не омраза. Ќе си дозволам аналогија, целта на нашите пријатели од Северна Македонија не е да го преземат Вавилон, туку да влезат во Европската Унија, што се случува со исполнување на критериумите за членство“, рече бугарскиот премиер.

Слични содржини