Цената на „магијата“: Дончиќ ќе стане најплатениот кошаркар во светот

Дончиќ моментално одработува седумгодишен договор вреден 40 милиони долари по сезона, а ги исполни сите потребни предуслови за продолжување

од Бети Божиноска
217 прегледи

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ следното лето ќе потпише нов петгодишен договор со „Далас“ вреден 346 милиони долари и ќе стане првиот играч во историјата со плата од 70 милиони зелени банкноти годишно.

Дончиќ моментално одработува седумгодишен договор вреден 40 милиони долари по сезона, а ги исполни сите потребни предуслови за продолжување – одигра најмалку 65 натпревари во сезоната и влезе во потесниот избор за наградата МВП.

Словенецот оваа сезона има просек од 34 поени, 9,1 скока и 9,8 асистенции.

Во моментов најголем договор во НБА има Џејлен Браун од „Бостон, вреден 304 милиони или 60.800.000 долари годишно. По нив следуваат Никола Јокиќ (54.404.000 годишно), Бредли Бил (50.203.000) и Јанис Адетокумбо (45.640.000).

Дончиќ во НБА пристигна во 2018 година од „Реал Мадрид“ како најдобар кошаркар во Евролигата, а во последните неколку сезони заедно со Никола Јокиќ и Јанис Адетокунбо е еден од најценетите и најатрактивни играчи во најсилната кошаркарска лига во светот.

 

Слични содржини