Цената на нафтата ја турка Западот, ама ја турка и Русија- “Урал” се намалува за 17.96%

од desk3
77 прегледи

Извозната цена за нафтата во Русија од денес (1 септември 2015 година) се намалува со 17.96 проценти до 109.2 долари за тон во однос 133.1 долари месец порано, информира ТАСС. Во меѓувреме, по практично наглото поскапување на нафтата – Брент и лесната американска во понеделник, утрово суровината повторно поевтинува.

zx450y250_2601329

Водечкиот експерт од одделот за даночна и царинска-тарифна политика кон Министерството за финансии Александар Сакович соопшти дека просечната цена на нафтата сорта “Урал” во август достигна шестгодишен минимум од 45.63 долари за барел.

До средината на август просечната цена беше околу 51 долари за барел, или 373 долари за тон, наспроти речиси 59 долари за барел, или 430.1 долари за тон месец порано.
намалената цена на силновискознатанафта овој месец ќе биде 13,7 долари во однос на 17 долари во август.

Цената на нафтата ќе биде 92.8 долари, на бензинот за комерцијални цели – 85.1 долари, на светлите нафтени производи и масло за подмачкување – 52,4 долари, на темните – 82.9 долари, а на кокс – 7 долари.

По речиси постојаниот пад на цената на нафтата во последниот месец во понеделникот, брент и светлата американска нафта забележаа пораст, што ги изненади инвеститорите кои се обложуваат на континуиран пад. Вчера во рамките на три трговски сесии нафтата поскапе со над 25 отсто, пишува “Фајненшл тајмс”.

Утрово сепак нафтата повторно поевтинува, а кон 1о часот по македонско време брент се тргува за 52.18 долари за барел, што е пад од 3,64 отсто во однос на вчера. Со 3.78% поевтинува лесната американски нафта и трансакции се склучуваат на 47.34 долари за барел.