Цената на нафтата падна, златото расте

од Vladimir Zorba
45 прегледи

Денеска европските берзански индекси се во најголем дел во пораст, а на берзите истовремено е забележан пад на цената на нафтата и раст на цената на златото.

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот порасна на 18.296,85 поени, британскиот FTSE 100 на 8.165,45 поени, францускиот CAC 40 на 7.516,01 поени, додека московскиот MOEX падна на 3.041,67 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones падна на 39.291,97 поени пред денешното отворање на берзите во Соединетите Американски Држави, додека индексот S&P 500 порасна на 5.576,98 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 18.430,56 поени.

Според податоците од берзата, цената на суровата нафта паднала на 80.910 долари, а на нафтата од типот брент на 84.084 долари.

Европските фјучерси на гас се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 31.245 евра за мегават-час.

Цената на златото порасна на 2.372,86 долари за унца, а цената на пченицата падна на 5,5118 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,08219, што е приближно исто како во вторникот.

Слични содржини