72
Бидејќи се очекува намалување на каматните стапки во светот, приносите на обврзниците се намалуваат во последните денови, а цената на златото расте.
Така утрово го достигна највисокото ниво во историјата – 2.478 долари за унца.
„Вреди да се забележи фактот дека златото наоѓа поддршка во различни услови оваа година. Не сме сигурни како ќе се движи цената во наредните месеци, но може да се надмине над нивото од 2.500 долари за унца“, изјави Вивек Дар, стратег во Комонвелт банка на Австралија.