Се прави ли вештачка нафтена „криза“ и кој „лови“ профити – домашните горива ни ги купуваат странци !

Дали натфените компании се соочуваат со недостиг на горива или некој се обидува да „лови“ профити преку создавање на вештачка „нафтена криза“ во државата?

од Vladimir Zorba
50 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/ТВ Сител

Дали натфените компании се соочуваат со недостиг на горива или некој се обидува да „лови“ профити преку создавање на вештачка „нафтена криза“ во државата? Ова прашање повтроно се отвори во јавноста откако дел од безниските пумпи запреа со точење на дизел-гориво а дел од утрината целосно запреа со продажба на сите горивата. Според законската регулатива, компаниите од нафтениот бизнис  се обврзани да „чуваат“ резерви на горива за едномесечна продажба.

Дел од економистите се сомневаат дека сепак, нафтените трговци ја чекаа новата цена на горивата, која кај дизелот се зголеми за драматични 14,5 денари по литар, а кај бензините за 5 денари.

„Сметам дека една од причините зошто безниските пумпи запреа со точење на  горива е зошто ја чекаа новата цена. Но да потсетам дека компаниите законски се обврзани да имаат месечна количина на резерви односно залиха на деривати која може да ја задоволи побарувачката за еден месец. Дали некој игра „нефер“ може лесно да се провери, имаме институции, нека излезат на терен“ – вели за „Локално“ пораншениот вицепремиер Фатмир Битиќи.

Фото: Фејсбук/СДСМ

Во текот на викендот на голем дел од безниските пумпи во Скопје не беа забележени гужви редици на бензиските пупмпи. Сепак според информациите на граѓаните споделени преку социјалните мрежи, на дел од безниските пумпи на „Макпетрол“ не се продава дизел гориво. Од „Лукоил“ информираа дека времено го ограничуваат точењето на деизле гориво на тешки товарни возила, автобуси, трактори. Од Владата уверуваат дека нафта има.

„Имавме состанок со поголемите дистрибутери на нафта и нафтени деривати. Заеднички беше заклучокот дека има доволно нафта и нафтени деривати. Граѓаните треба да бидат спокојни, кај нас цената е драматично пониска од онаа во соседството. Ако литар во Србија е 120 денари, кај нас е 70, исто е ако споредиме и со Косово, Албанија. Уште еднаш како Влада покажуваме дека стандардот на граѓаните ни е пред се“ – изјави премиерот Мицкоски по петочната средба со дитрибутерите.

Фото: Фејсбук

Според Битиќи, токму ниската цена на горивата кај нас е „замка“ за нашите граѓаните, бидејќи сега се случува „наплив“ купувачи од околните земји. Битиќи смета дека треба да се размисли за ограничувања на количините за странци.

„Најпрво недостиг на нафта се појави во пограничните региони. Во вакви кризни состојби,  во пограничните места има наплив на купувачи од Косово, Албанија, Србија, Грција, каде цените се повисоки. Ова ја зголеми дневната потрошувачка поради што дел од месечните резерви се намалија па сега диструбитерите посегнаа по ограничувања, кои за жал ги почувствуваа нашите граѓани. Треба да се размисли како да се заштитат домашните потрошувачи“ – вели Битиќи.

Оваа состојба на зголемена побарувачка на горива во пограничните региони веќе била констатирана од и од надлежните инспекторати. Додека кај нас од полноќ цените се зголемија за 5 денари кај бензините и за 14,5 за дизел-горивото, во Хрватска веќе стапуваат на сила владини мерки за ограничување на цената.

Д.А.