48
Цените на нафтата пораснаа втора недела по ред поради плановите на ОПЕК за дополнително намалување на производните квоти и новите американски санкции кон Иран.
Ова би можело да го намали снабдувањето со нафта за еден милион барели од 159 литри дневно, пишува SEEbiz.
Вредноста на златото останува над 3.000 долари, ниво што првпат го надмина на 14 март. Новата рекордна вредност постигната во четвртокот е 3,060 американски долари.
Растот на еврото запре, а европската валута чини нешто повеќе од 1,08 американски долари.
Аналитичарите во банката „Societe Generale“ ја ревидираа својата цел за еврото на крајот на годината на 1,13 долари поради најавените неколку стотици милијарди германски трошоци за одбрана.