Инфлацијата и долгите рокови на испорака на нови возила влијаат и на цените на половните автомобили. Сигурно сте свесни за ова, особено ако едно од вашите хоби е следење на цените на половните автомобили на бројни портали.
Во октомври просечната цена на половен автомобил за прв пат се искачи над границата од 28.000 евра. Индексот на цените (AGPI) што го одредува порталот за половни автомобили Autoscout24 објави просечна цена од 28.214 евра. Тоа значи зголемување за 1,5 отсто или 418 евра во однос на претходниот месец.
Споредено со истиот месец лани, половните возила во просек поскапуваат за 3.712 евра.