Цените на угостителските услуги во октомври повисоки за 0.3 % во споредба со септември

од Vladimir Zorba

Цените на угостителските услуги во октомври годинава во однос на истиот месец лани, се зголемени за 6.1 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Кумулативно, за периодот јануари – октомври 2023 година, споредено со истиот период од 2022, цените се повисоки за 10.5 %, додека во однос на декември 2022 година, зголемувањето е 3.9 %.

Цените на угостителските услуги во октомври, пак, во споредба со септември годинава, се повисоки за 0.3 %.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.3 %, Алкохолни пијалаци за 0.1 % и Безалкохолни пијалаци за 0.3 %.

Слични содржини