38
Поради напнатата геополитичка ситуација во светот, цената на златото утринава порасна за 0,42 отсто, на ново рекордно ниво од 2.741,9 долари за унца.
Порасна и цената на среброто, утринава за 1,3 отсто, на 34,08 долари за унца, што е највисоко ниво од крајот на 2012 година.
„Сегашното пазарно опкружување, со пад на каматните стапки и зголемени геополитички ризици, е сценарио кое го поддржува растот на цената на златото на двете страни“, објаснува Тим Вотерер, аналитичар во KCM Trade.