Централната банка на Русија ја зголеми референтната каматна стапка на 12 отсто

од Nikola Popovski
316 прегледи

Управниот одбор на Централната банка на Русија (БР) денеска соопшти дека на вонредна седница ја зголемил референтната каматна стапка од 8,5 отсто на 12 отсто.

Аналитичарите претходно не ја исклучија можноста за зголемување на референтната каматна стапка за 100 до 350 базични поени, па ова зголемување на каматната стапка е на горната граница на прогнозата, пренесува Комерсант.

Банката на Русија не ја дочека редовната седница, закажана за 15 септември, за зголемување на каматната стапка откако доларот вчера надмина 101 рубља, а еврото над 110 рубљи, што е најголем пад на рубљата од март 2022 година.

Максим Орешкин, економскиот советник на претседателот на Русија Владимир Путин, вчера изјави дека лабавата монетарна политика на БР е причина за слабеењето на рубљата, но изрази надеж дека руската централна банка ќе успее да ја нормализира ситуацијата.

Слични содржини