Централната банка на Русија предложи 6 чекори за борба против сиромаштијата

од Vladimir Zorba
184 прегледи

Шефот на Централната банка на Русија, Елвира Набиулина изјави дека банката донела одлука за шест мерки кои ќе бидат насочени кон борба против сиромаштијата во Русија.

Како што објасни, мерките на Набиулина вклучуваат намалување на инфлацијата, зајакнување на заштитата од прекумерен долг, борба против измамите, поддршка на граѓаните со ниски примања и луѓе во тешки животни ситуации и програми за финансиска писменост.

„Како политиката на Централната банка може да влијае на борбата против сиромаштијата? Прво, ќе се вратам од каде што почнав. Тоа е намалување на инфлацијата. Инфлацијата е данок на сиромашните, тие најмногу трпат од поскапувањето, што секако им јаде од малите приходи. Втората е да се зајакне заштитата на луѓето од преголемите долгови“, рече Набиулина.

Таа во разговорот со медиумите се осврна и на други мерки.

„Третата е борбата против измамите на финансискиот пазар, бидејќи луѓето со ниски примања се најранливи. Четвртата се мерки за поддршка на граѓаните кои се наоѓаат во тешка животна ситуација. Петто, неопходно е да се развијат финансиски производи за луѓето со ниски примања, како што се социјалните придонеси и сметките“, додаде шефот на Централната банка на Русија.

Слични содржини