Сигурно дождот го фаќа секој од нас неподготвен со заборавен дома чадор или оставен на клупата или во автобусот, но нова технологија ветува дека ќе ве спаси од наврнување.
Чадорот “Oombrella” е светло обоен и нема да пропушти, но тој ќе ви испрати и предупредување за претстојните врнежи. Ова е првиот во светот “интелигентен” чадор, кој го претскажува времето до половина час напред, користејќи ги сопствените сензори, па ги праќа податоците во форма на порака на мобилен. Шарениот чадор се поврзува со вас, овозможувајќи им на корисниците да знаат дека ќе врне уште пред да се појави ц
рните облаци на небото.
Повеќебојниот “Oombrella” користи вградени сензори за светлина, влажност и температура. Сите информации се собираат и анализираат пред да бидат испратени на смартфонот на сопственикот преку апликација. Чадорот ќе праќа сигнали, дури и ако случајно биде заборавен дома или во ресторан со помош на вграден GPS. Чадорот сè уште не се нуди за продажба, но од март може да го најдете во продавниците на Kickstarter и онлајн од есента. Цената ќе биде 79 евра.