Чапутова: Говорот на омраза е смртоносна закана за Европа

од Destan Jonuzi
150 прегледи

Говорот на омраза е смртоносна закана за либералните демократии во Европа, изјави денеска словачката претседателка Зузана Чапутова на церемонија во Германија, јави ДПА.

– Премногу често нашите влади во Европа не успеваат да ги имплементираат сопствените правила за борба против оние кои шират омраза, рече Чапутова за време на нејзиниот говор на церемонијата во Франкфурт каде што и беше врачена наградата за одбрана на слободата на Фондацијата. Фридрих Науман.

Говорот на омраза често има смртоносни резултати, истакна словачката претседателка, наведувајќи го како пример нападот на геј бар во Братислава минатиот месец, во кој две лица загинаа, а едно беше тешко повредено.

– Говорот на омраза и поттикнување насилство се нелегални и на интернет, категорична е Зузана Чапутова.

Чапутова, која е претседателка на нејзината земја од 2019 година, исто така рече дека руската војна против Украина, која беснее во непосредна близина на Словачка, не е само обид да се избрише Украина како суверена држава, туку е и напад врз заедница на слободни луѓе, пренесува ДПА.

Слични содржини