Шарлиз Терон отворено проговори за мрачниот период од нејзиниот животот кога стана сведок на тоа како мајка и го убива пијаниот сопруг во самоодбрана.

“Само се преправав дека не се случило. Не им реков на никого, не сакав да кажам на никого. Кој и да ме прашуваше, јас секогаш одговарав дека татко ми почина во сообраќајна несреќа.
Кој би ја раскажал вистинската приказна? Никој не би сакал “, рече ѕвездата во интервју со Хауард Стерн. Актерката објасни дека преку целосното негирање на она што се случило, таа се обидувала да ја избега сликата на жртва.
Подоцна, сепак, на крајот на 20-тите години таа почнала да посетува психотерапевт.
Пред Стерн Терон призна дека терапевтот и помогнал да сфати како алкохоличар татко и го афектирал целиот нејзин живот и така сакала да го избегне негативното влијание.
“Најмногу страшно во тоа да израснеш во една куќа со алкохоличар е дека не знаеш како ќе мине денот. Тоа зависи од друг човек и дали ќе се напие денес, или не”, рече уште холивудската ѕвезда.

“Имам неверојатна мајка. Таа е мојата огромно инспирација. Нејзината филозофијата беше “Тоа е ужасно. Сфатив колку ужасно е. А сега направи избор – ќе оставиш ли тоа да сее утврди? Ќе се сопнеш, или ќе пливаша? Тоа беше”, раскажа холивудската ѕвезда.
Шарлиз Терон е единствено дете во семејството. Родена во Беноа, Јужна Африка. На 16 година заминува за Милано, каде склучува договор со модната агенција, откако е одбрана на кастинг. Подоцна заминува за Њујорк, каде што студирал балет. Престанува со танцувањето поради повреда. Одлучува да се насели во Лос Анџелес и каде ја добива првата улога на игран филм.