Златен џебен часовник кој му припаѓал на најбогатиот патник на Титаник, Џон Џејкоб Астор IV, е продаден на аукција за рекордни 1,2 милиони фунти.
Аукциската куќа Henry Aldridge & Sun продаде џебен часовник од 14 каратно злато „Волтам“ на приватен колекционер од САД во саботата за највисока сума понудена досега за кој било предмет од Титаник, пишува „Гардијан“.
Претходната најплатена сума за предмет од Титаник беше 1,1 милион фунти за виолина свирена од музичарите додека бродот тонелчасовник,, продадена во истата аукциска куќа во 2013 година.