Часовникот на Хитлер продаден на аукција во САД (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
297 прегледи

На аукција во американската сојузна држава Мериленд е продаден часовник на поранешниот нацистички лидер Адолф Хитлер за 1,1 милион долари.

Аукциската куќа „Alexander Historical Auctions“ од Чесапик Сити, Мериленд го процени часовникот на помеѓу два и четири милиони долари, објаснувајќи дека станува збор за „остаток од Втората светска војна со историски размери“.

Еврејските водачи се спротивставија на продажбата, велејќи дека часовникот има мала или никаква историска вредност.

Претседателот на аукциската куќа Бил Панагопулос изјави дека купувачот е Евреин од Европа.

На часовникот има иницијали „A“ и „Х“ и свастика.

Часовникот бил земен како воен плен од француски војник на 4 мај 1945 година кога неговата единица влегла во колибата на Хитлер Бергхоф во Баварските Алпи во близина на Берхтесгаден (Баварија, Германија).

Хитлер изврши самоубиство во Берлин на 30 април 1945 година.

Слични содржини