Часовникот на судниот ден на 90 секунди до полноќ поради војната во Украина

од Vladimir Zorba

Часовникот на судниот ден, кој ја симболизира неизбежноста на глобалната катаклизма, е поставен на 90 секунди до полноќ, што значи дека човештвото никогаш не било толку блиску до планетарна катастрофа, објавија група научници.

Минатата година часовникот на апокалипсата или судниот ден беше 100 секунди до полноќ, а за тој часовник е задолжена група научници, која секоја година ги прилагодува стрелките во согласност со случувањата во светот.

Претставниците на Билтенот на атомските научници (БСА) на прес-конференција рекоа дека го поставиле часовникот на судниот ден толку блиску до полноќ поради војната во Украина.

„Ги придвиживме стрелките поблиску до полноќ“, велат научниците, додавајќи дека одлуката е донесена поради зголемената закана од војна во Украина.

Во оваа група научници спаѓаат добитниците на Нобеловата награда, а еден од основачите е Алберт Ајнштајн.

Апокалиптичниот часовник е создаден веднаш по почетокот на Студената војна и редовно се ажурира од 1947 година од страна на научниците од БСА од Универзитетот во Чикаго.

Полноќ го претставува крајот на светот.

Научниците ја користат аналогијата на одбројување до полноќ за да предупредат на опасностите од нуклеарни, еколошки и технолошки закани.

Слични содржини