Во извештаите од аукциите ширум светот на кои флаша вино достигнува астрономска цифра, речиси редовно се појавува едно име – Chateau Latour, едно од најславните имиња во светот на виното.

Сместена во стар замок во областа Медок, оваа винарија и припаѓа на групата од пет великани на левата обала на Бордо.
На почетокот на април секоја година се одржува славниот En primeur, собир во текот на кој најпознатите šatoi Bordoa ги изложуваат своите вина пред судот на најистакнатите вински познавачи, а кои со дегустација ќе го оценат нивниот квалитет. На основа на тие оцени, винската кужа подоцна ја формира цената за пазарот. Сите вински куќи во Бордо подлежат на вој систем на продажба и дистрибуција,сите освен оние кои се толку легендарни и моќни па можат себе си да си дозволат исклучување од тој систем.
Токму Chateau Latour е еден од тие моќници, во сопственост е на Франсоа Пиноа, третиот најбогат Французин и маж на холивудската глумица Селам Хајак. Таа и самата изјави дека својата долговечна убавина му ја должи на виното, а како и не би кога цената на овие вина на пазарот се движат од 500 па се до 10 000 евра.

Chateau Latour е еден од најраскошните вински митови во светот. Неговите корени потекнуваат од 1331 година, а приказната за семејниот напредок била зачинета со добро склучени бракови и аристрократски договори, кои во еден момент доведоа до денес тешко замислива ситуација-едно семејство да поседува три најсветли звезди во Бордо-Chateau Latour, Chateau Lafite Rotschild i Chateau Mouton Rotschild.

Стариот подрум на Chateau Latoura под клуч чува некои од најстарите и најлегендарните бербим па така во овој вински трезор можат да се најдат фамозни 12 флаши од 1861 година, кои поединечно се продаваат по фантастиќни суми, од по неколку десетици илјади евра.