Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ја предупреди Шведска дека Анкара нема да го поддржи нејзиното членство во НАТО алијансата доколку не преземе мерки против Курдистанската работничка партија (ПКК), која е прогласена за терористичка организација во Турција.
ПКК одржа собир во Стокхолм каде беа упатени навреди кон турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, а кукла со неговиот лик беше обесена за нозе на столб пред градското собрание.
Чавушоглу повтори дека Анкара очекува Шведска да го почитува меморандумот за борба против терористичките организации, што е услов Турција да го одобри влезот на земјата во НАТО.
Тој документ беше потпишан во јуни минатата година на маргините на самитот на НАТО во Мадрид.