198
Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, денеска изјави дека меѓу земјите на Западот и НАТО има и такви кои не сакаат да заврши конфликтот во Украина.
Чавушоглу рече дека не сака да каже за кои земји станува збор, но дека тоа добро го знае генералниот секретар на ОН.
„Има земји на Западот кои сакаат војната да продолжи, меѓу кои се и земји-членки на НАТО. Не мислам само на САД, мислам на земји членки на НАТО“, рече Чавушоглу.