176
Шведска се уште ги нема екстрадирано осомничени за тероризам во Турција, иако минатиот месец потпиша договор кој ќе биде услов Анкара да го укине ветото за членството на Шведска во НАТО, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.
Шведска и Финска поднесоа барање за членство во НАТО поради загриженост поради рускиот напад врз Украина, но се соочуваат со вето од Турција, која ги критикува дека воведоа ембарго за извоз на оружје во Турција и ги поддржуваат групите што Анкара ги смета за терористички.
Трите земји потпишаа договор за укинување на ветото во замена за укинување на ембаргото и екстрадиција на 73 лица од Шведска и неколку десетици од Финска.