Турција го повика на разговор германскиот амбасадор во Анкара откако Берлин го затвори конзулатот во Истанбул поради можна закана од терористички напади, соопшти денеска германското министерство за надворешни работи.
Покрај германскиот амбасадор, Турција на разговори поканила и амбасадори од неколку други земји, изјави портпаролот на германското министерство на редовната прес-конференција во Берлин, пренесе „Ројтерс“.
Во исто време, турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави денеска дека западните земји, вклучително и САД и Германија, не доставиле информации за поткрепа на нивните тврдења дека ги затвориле своите конзулати во Истанбул поради безбедносни закани.