Поради високиот процент на луѓе вакцинирани против коронавирус, Австралија во понеделник ги отвора границите за странски туристи по речиси две години затворање.
„Чекањето заврши“, рече премиерот Скот Морисон на неделен брифинг на меѓународниот аеродром во Мелбурн.
Отворањето на Австралија за туристите е најјасен показател за напуштање на строгиот пристап во борбата против пандемијата на коронавирус и посветеноста на соживот со вирусот и промовирање на вакцинацијата, што придонесува за намалување на смртноста и бројот на тешки случаи.
Неизвесно е дали патниците ќе се вратат на островот наречен „Тврдината Австралија“ поради строгите гранични контроли. Сепак, австралиската влада се надева дека со олеснувањето на мерките ќе успее да го „подигне“ туризмот на оваа земја.
Сите патници можат да влезат во Австралија од понеделник, а целосно вакцинираните туристи нема да мора да останат во карантин.