Челси напредува во преговорите за Аке

од Vladimir Zorba
201 прегледи

Челси постигнал напредок во преговорите за дефанзивецот на Манчестер Сити, Нејтан Аке, тврди „Тајмс“.

Лондонскиот клуб ги договорил повеќето услови од договорот со „Граѓаните“. Самиот фудбалер е подготвен повторно да се врати на „Стемфорд Бриџ“.

Аке беше во главниот град од 2012-2017 година, но одигра само 7 натпревари и беше прекомандуван во Бурнмаут, Вотфорд и Ридинг.

Прочитајте повеќе:

Во исто време, личните услови на дефанзивецот се уште не се договорени. Аке минатата сезона одигра 27 настапи за Манчестер Сити во сите натпреварувања и постигна три гола.

Договорот на дефанзивецот со клубот е до 30 јуни 2025 година.