Челси подготвени да се разделат со Хадсон-Одои

од Vladimir Zorba
170 прегледи

Играчот од средниот ред Калум Хадсон-Одои би можел да го напушти Челси ова лето. Лондончани се подготвени да се разделат со 21-годишниот фудбалер, тврди „Дејли мејл“.

Хадсон-Одои е надвор од плановите на менаџерот на Челси, Томас Тухел и клубот доби профитабилна понуда за него, тогаш управата нема да го задржи играчот.

Калум Хадсон-Одои можеше минатото лето да замине на позајмица во Борусија Дортмунд, но Тухел не го пушти Англичанецот во својот поранешен клуб.

Играчот од средниот ред минатата сезона одигра 23 натпревари во Премиер лигата, постигнувајќи 2 гола и 5 асистенции. Договорот на Хадсон-Одои со Челси е до летото 2024.

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 25 милиони евра.