Чендлер пишува автобиографија

од Vladimir Zorba

Актерот Метју Пери, ширум светот познат како Чендлер, неговиот лик од „Пријатели“, пишува автобиографија која ќе се фокусира на периодот додека ги снимал епизодите од популарната серија.

52-годишникот во својата автобиографија ќе напише за делот од животот што го поминал на снимањето на серијата „Пријатели“, а на идните читатели им ветува дека ќе ги однесе „зад сцената“ и ќе открие што се случувало додека го глумел циничниот Чендлер во серијата.

Американските медиуми шпекулираат дека Пери добил седумцифрен хонорар за пишување автобиографија, а од издавачката куќа Macmillan’s Flatiron Books, која ги доби светските права на книгата, велат дека тоа ќе биде четиво кое „Фановите на пријателите го чекаа долго време”.

Бидејќи актерот ќе зборува за проблемите со зависноста, книгата, како што велат, ќе биде важна и за секој што води слични битки, за себе или за своите најблиски.

„Потребен ни е хумор, потребна ни е катарза и ни треба личната приказна на Метју раскажана со неговиот глас“, рече портпаролката на издавачот, Меган Линч.

Повторното обединување на популарниот ситком тим во текот на оваа година, повторно започна бројни приказни за здравствената состојба на Пери, проблемите со алкохолот и дрогата, па дури и гласините дека актерот никогаш не успеал да се избори со зависноста.

Се пишуваше дека за време на снимањето тешко соработувал со колегите, а според негово признание во некои интервјуа не се сеќавал дека снимил половина од сцените кои подоцна ги гледал на малите екрани.

Во меѓувреме, на социјалните мрежи се водеше вистинска војна меѓу згрозените од неговото пропаѓање и оние кои сакаа да го остават актерот сам.

„Во „Пријатели“ бев од 24 до 34 години… Шестмина бевме насекаде. „Однадвор можеше да изгледа како да имам сè, но всушност бев многу осамен затоа што страдав од алкохолизам“, изјави Пери во една прилика, додека во друго интервју тврдеше дека никогаш не дошол на работа под дејство на алкохол или дрога.

„Би бил ужасно мамурен, до болка, но работев. Но, со текот на времето, работите станаа толку лоши што не можев повеќе да го сокријам тоа и сите знаеја“, рече Пери тогаш, признавајќи дека навистина не се сеќава околу три години, помеѓу третата и шестата сезона од серијата.

Наводно во автобиографска книга сето тоа детално и отворено ќе го каже.

Слични содржини