Чернобил: Децата зачнати по катастрофата немаат ДНК-мутации

од Nikola Popovski
218 прегледи

Децата на родители кои биле изложени на радијацијата од Чернобил немаат голем број на ДНК мутации, покажуваат резултатите од новото истражување.

Еден од водечките истражувачи, Стивен Ченок, од Националниот институт за карцином на САД, кој го надгледува истражувањето, објаснил дека научниот тим вклучил 130 семејства и дека ги споредил ДНК на родителите кои биле изложени на зрачењето во Чернобил во 1986 година и нивните деца зачнати по несреќата.

Резултатот сугерира дека тие не носат повеќе ДНК мутации отколку оние родени од кој било друг родител.

Гардијан објави дека студијата објавена во престижното списание „Сајанс“ е една од првите што систематски ги проценува промените во стапката на мутација кај луѓето како одговор на вештачката катастрофа, како што е случајното изложување на радијација.

Покрај обезбедувањето нови сознанија за тоа како зрачењето влијае на човечкото тело, наодите треба да им помогнат на другите луѓе кои можеби биле изложени на зрачење, како што се оние што живеат во близина на Фукушима, Јапонија, да се охрабрат да се вратат дома.

Слични содржини