Chery Fengyun A9

од Vladimir Zorba
199 прегледи

Кинеската Chery подготвува нова серија Fengyun, создадена за електрифицирани модели.

Првиот модел ќе биде седанот А9 кој беше најавен со една официјална слика.

Дизајнот на Chery Fengyun A9 е заснован на концептот Chery Arrizo Star, кој беше прикажан во април оваа година на саемот за автомобили во Шангај. Тоа значи дека А9 добива сличен преден дел, како и нов амблем на хаубата.

Според досега објавените информации, Chery Fengyun A9 ќе биде хибрид кој комбинира бензински турбо мотор и електричен мотор.

Повеќе детали ќе бидат објавени подоцна, со најава дека автомобилот ќе се најде во продажба пред крајот на оваа година.