iCar е нов подбренд на кинеската компанија Chery која ќе произведува високотехнолошки електрични автомобили за богатите млади луѓе.
Ова е нивниот компактен кросовер iCar 03, чии испораки ќе стартуваат наскоро.
Автомобилот е базиран на i-MS платформата, долг е 4406 mm, широк 1910 mm, висок 1715 mm и меѓуоскино растојание од 2715 mm, додека тркалата се од 18 до 19 инчи.
За почеток, планирана е верзија со еден електромотор од 135 kW/184 КС (највисоката брзина е 150 km/h), а некои извори неофицијално споменуваат автономија од 500 km. Познато е и дека подоцна ќе има верзија со два електромотори и погон на четири тркала.
Во кратката вест се наведува и дека iCar 03 ќе може да има, меѓу другото, автопилот на ниво 2, десет режими на возење, како и виртуелен асистент i-VA.
Копчињата за допир за прилагодување на температурата на контролата на климата, јачината на звукот на аудио системот и осветленоста на позадинското осветлување се вградени во предниот панел пред патникот.
Основниот iCar 03 во Кина ќе чини околу 150.000 јуани (18.625 евра).