Chery објави официјална фотографија од Fengyun T11

од Vladimir Zorba
206 прегледи

Chery објави официјална фотографија од новиот кросовер од линијата на електрифицирани модели Fengyun, најавувајќи дека неговата премиера ќе биде наскоро.

Станува збор за Fengyun T11, кој најверојатно ќе се најде на пазарот следната година, со хибриден погон. Сепак, официјалните податоци се уште не се објавени.

Неофицијално се споменува дека Т11 ќе добие бензински турбо мотор, електромотор и менувач DHT.

Промоцијата во Кина се очекува да се случи на крајот на октомври.

До крајот на 2024 година, Chery планира на кинескиот пазар да понуди вкупно шест модели од линијата Fengyun.

Компанијата сè уште нема објавено никакви планови за извоз.

Слични содржини