Чешка ќе бара изземање од ембаргото на ЕУ за руската нафта

од Stefanija Kuzmanovska

Чешка ќе побара период на изземање од предложеното ембарго на Европската унија за руската нафта и на тој начин ќе добие време да го зголеми капацитетот на нафтоводот, најави денеска премиерот на таа земја Петр Фијала.

„Се обидуваме да добиеме одложување за две, можеби три години“, рече Фиjала, пренесе „Ројтерс“.

Бугарскиот вицепремиер Асен Василев претходно денеска најави дека Софија ќе бара изземање од предложеното ембарго на ЕУ за руската нафта.

Слични содржини