Чешка: Суд ја укинува обврската за носење заштитна маска

од Vladimir Zorba
219 прегледи

Градскиот суд во Прага ја укина вонредната мерка на Министерството за здравство на Чешка, кое на 21 октомври пропишуваше обврска за носење заштитна маска и во затворени простории и на отворено, затоа што Министерството не ја објасни соодветно.

„Во никој случај судот не ги потценува заканите поврзани со ширењето на болеста Ковид-19 и не тврди дека пропишаните мерки навистина не се неопходни или легитимни“, изјави денеска судот во образложението на пресудата.

Обврската за носење заштитни маски ќе се укине дури од 21 ноември, за да може владата да донесе нова мерка, овој пат со правилно, валидно образложение.

Судот го прекори Министерството за воведување на обврска за носење маска внатре, пред се во продавници и други затворени објекти, но и на улица, кога растојанието помеѓу две лица е помало од два метра, го презеде само старото образложение и не им објасни на граѓаните зошто ги заострува претходните мерки. .

Во последните неколку дена, Чешка успеа полека да ја забави епидемијата на коронавирус, која е надвор од контрола од октомври. Чешка некогаш беше најпогодена земја според бројот на новозаразени, но стапката на пренесување на инфекцијата забави во последните денови.

Во четвртокот, тестовите откриле 7.874 новоинфицирани, што е за околу 1.000 помалку од претходниот ден и околу 5.400 помалку од пред една недела.

Бројот на пациенти со Ковид-19 во болниците и притисокот врз здравствениот систем исто така се намалуваат, бидејќи во моментот во болниците има 7.564 пациенти, од кои 1.120 се во сериозна состојба што бара интензивна нега или респиратор.

Бројот на смртни случаи исто така се намалува, но побавен од бројот на новоинфицирани и хоспитализирани и не надминува повеќе од 200 за еден ден, како на почетокот на ноември, кога во Чешка на 3 ноември беа регистрирани рекордни 247 мртви заразени со коронавирусот.

Министерот за здравство Јан Блатни и епидемиолошкиот тим вели дека, и покрај олеснувањето на епидемијата, Чесите треба да издржат уште две-три недели со толку строги мерки и дека олеснувањето на мерките, доколку епидемијата продолжи вака, може да дојде дури во декември. Владата одлучи да ги отвори училиштата за најмладите, за ученици од прво и второ одделение, од 18 ноември, бидејќи на нив учењето на далечина им е најтешко.

Слични содржини