Чешка вака решава социјални проблеми- сексуални асистенти за луѓе во нерамноправна положба

од desk3
124 прегледи

Слично на голем број европски земји и Чешка ги презема првите чекори за легализација и регистрација на нова професија – сексуален асистент за луѓе во нерамноправна положба.

519x437

Главна активна фигура во наметнувањето на новата професија е Луциј Шидова – терапевт и извршен директор на организацијата “наслада без ризик”, пишува offnews. Шидова инсистира должноста сексуален терапевт да се гледа еднакво со веќе етаблирани во земјата професии во областа на социјалните и здравствените служби.

Во Данска правото на сексуален живот е регулирано со закон, а правата и обврските на сексуалните Асистентката се одредуваат од Министерството за социјални работи во Копенхаген. Практиките на сексуална и интимна асистенција веќе се етаблирани во Финска, Швајцарија, Белгија, Холандија, Германија и Австрија. Најчеста терминологија која се користи за новата професија, е “служба за телесни контакти”, “контактна активност” и “замена за партнерство”.

Чешкото Министерство за внатрешни работи веќе излезе со документ, кој ни дава право да нудиме на заинтересираните лица листа со сексуални асистенти. Потенцијалните клиенти ќе се поврзуваат сами со нас. Нашата организација на никаков начин нема да се меша во усните договори меѓу луѓето во нерамноправна положба и асистирачките лица, нема да добиеме никакви финансиски средства, туку само ќе обезбеди телефони за врска меѓу двете зстрани, вели Луциј Шидова.

Шидова веќе организирала неколку обуки за сексуални асистенти во Чешка.

Работиме на проект насловен “Право на секс”, кој доби грант во рамките на програмата за чешко-швајцарска соработка и обуката е бесплатна, вели таа за Радио Český rozhlas.

Се разбира, ние знаеме активностите на сексуалните асистенти веројатно ќе привлече жени кои работат во сексуалната сфера. Но истовремено знам дека одреден процент од нив, токму благодарение на новата професија,би престанале да се занимаваат со проституција. Оваа активност има повисок социјален статус. Во Швајцарија и други европски земји со сексуална асистенција се занимаваат не само поранешни проститутки, но и терапевти, доктори и медицински сестри, објаснува Шидова.

Цените на услугите при сексуална асистенција всушност повеќе или помалку ги копираат цените на услугите во областа на секс бизнисот. Но нели и лекарите-терапевти често сакаат за својата работа илјада и повеќе круни на час? Во Швајцарија, на пример, услугите на сексуалните асистенти се поевтини и по правило зависат од самата жена која ги обезбедува. Таа самата одлучува која цена ќе ја постави, вели извршниот директор на организацијата “наслада без ризик”.