200
Украинската и чешката амбасада во земјава ги повикуваат граѓаните да им се приклучат во солидарноста со украинскиот народ. По тој повод амбасадите организираат продажна изложба на фотографии.
-Амбасадата на Република Чешка во Скопје, во соработка со Амбасада на Украина во Скопје и Театар Комедија, организира продажна изложба на фотографии од украинскиот фотограф Ростислав Прокопјук, која ги доловува промените во Прага за време на пандемијата. Изложбата „Тивка Прага“ ќе се одржи утре 9-ти март, стои во објавата на амбасадата на Чешка во Скопје.
Приходите од продажбата ќе одат за помош на Украина.