Чешката полиција со нови докази за масакарот во Прага

од Radmila Tasevska

Последните балистички наоди покажуваат дека напаѓачот Дејвид Козак е поврзан со убиството на уште две лица во шума во близина на Прага.

Портпаролот на полицијата Јан Данек потврди за iDNES.cz дека оружјето со кое се убиени маж и бебе во шумата Клановице се совпаѓа со она што го поседува напаѓачот од Прага. Данек додава дека масовниот убиец кој ги застрела студентите во Прага многу веројатно убил и две лица во шумата, пренесе Индекс.хр.

„Истрагата се уште е во тек. Се уште ништо не е завршено. Останува да се чекаат конечните заклучоци“, изјави портпаролот на полицијата. Според локалните медиуми, 32-годишен маж и неговата двомесечна ќерка биле убиени во шумата. Шефот на Одделот за убиства во Прага, Алеш Штрах, смета дека убиецот немал само една конкретна причина за убиствата, туку дека тоа е комбинација од повеќе мотиви.

„Во моментов сум убеден дека жртвите се избрани целосно по случаен избор“.

За убиствата во шумата зборуваше и шефот на полицијата Мартин Вондрашек. Тој рече дека, според достапните информации, напаѓачот е одговорен и за уште две убиства. „Ја истражуваме претпоставката дека напаѓачот очигледно е одговорен и за убиствата во Клановице“, рече началникот на полицијата, додавајќи дека жртвите ги избрал по случаен избор.

„Што се однесува до шумата Клановице, во овој момент нема апсолутно никаква позната поврзаност со овие жртви, апсолутно никаква поврзана со таа локација. Во моментов сум убеден дека жртвите се избрани целосно по случаен избор“, додаде тој.

„Во пукањето на Филозофскиот факултет загинаа 14 студенти и други лица, а убиен е и насилникот. Вкупно 15 мртви“, изјави директорот на прашката полиција Матејчек.

Министерот за внатрешни работи Вит Ракушан претходно изјави дека вкупниот број на жртви е 13, а четиринаесеттиот загинат е напаѓачот.

Слични содржини