Чешкиот Блек Хок слета на аеродромот во Скопје, утре ќе го гасне пожарот на планината Готен

од Milan1
52 прегледи

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информира дека на скопскиот аеродром слетал хеликоптерот Блек Хок од Чешка, со седумчлена посада.

Овој моќен хеликоптер, со капацитет за носење ведро од 3,4 тона вода, утре наутро ќе започне со гаснење на пожарот на планината Готен, од беровската страна.

Ангелов најави дека во утринските часови ќе биде објавена изјава со фотографии и видео од хеликоптерот во акција.