Честитка на Филипче за Водици: Во духот на солидарноста да го унапредуваме општеството

од Milan1
37 прегледи

– Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое лично име на сите православни верници им го честитам денешниот христијански празник Богојавление – Водици. Му честитам на момчето Мартин Гоџовски, од населбата Варош ,којшто денеска го фати крстот.

Посакувам здравје, среќа, успех оваа година. Исто така и на сите коишто денеска скокнаа во ладните води на Охридското езеро по крстот. Тоа е знак дека имаат многу голема ментална и физичка сила.
Овие празници секогаш треба да не потсетуваат да во име на солидарноста, работиме заедно, го унапредуваме општеството и создаваме подобри, еднакви можности за сите без дискриминација на ниту еден човек, изјави денес претседателот на СДСМ Венко филипче по повод празникот Богојавление.

Слични содржини