Честитка од министерката за култура по повод Меѓународниот ден на ромскиот јазик

од Stefanija Kuzmanovska
192 прегледи

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска денеска го честита 5 ноември, Меѓународен ден на ромскиот јазик.

„Ја славиме културата на Ромите како дел од заедничкото културно богатство. Празнувајќи го 5 ноември како Меѓународен ден на ромскиот јазик, повикани сме да го даваме нашиот придонес во чувањето и негувањето на културните особености на Ромската заедница. Прифаќањето на важноста и еднаквоста на сите јазици е нашиот влог за богатството на нашето општество како мултикултурна ризница и на обединети различности на кои треба да бидеме горди. Во новата Стратегија за Роми 2022-2030 година, предвидуваме конкретни цели и мерки насочени кон развој на кадри кои ја негуваат ромската култура, традиција и јазик преку обезбедување стипендии по профили и можности за отворање признаени курсеви, катедри за создавање на наставници за изучување на ромскиот јазик“, напиша министерката на својот профил на Фејсбук.

Слични содржини