Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, по повод големиот празник Рождество Христово Божиќ во свое, и во име на СДСМ, упати честитка до сите верници кои овој празник го празнуваат по Грегоријанскиот календар како и до Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх, Д-р Киро Стојанов.
„Упатувам празнична порака исполнета со љубов и почит, посакувајќи ви среќа, хармонија и благосостојба.
Убавината и топлината на пораката за Божиќ, нека ги исполни со радост и топлина срцата на сите верници кои денеска го слават големиот празник.
Прославувајќи го Христовото раѓање, го славиме животот, љубовта, толеранцијата, солидарноста, меѓусебното помагање и почитување.
Божиќниот дух на милосрдие, добра мисла, добри дела и спокој во душите да живее преку целата година, а не само на овој ден.
Нека ви е честит големиот празник Рождество Христово Божиќ!“