Често заборавате работи? Интересен трик кој го подобрува помнењето

од Stefanija Kuzmanovska
290 прегледи

Кога умот е оптоварен, мислите се губат и станува тешко да се запомните некои едноставни работи, како на пример каде ги ставате клучевите, телефонот или дали сте ja исклучиле пеглата.

Причината зошто не се сеќаваме е тоа што ние складираме многу непотребни информации во мозокот и со тоа го оптоваруваме, па затоа од таа причина слабее меморијата. Сето ова може да го зголеми ризикот од Алцхајмерова болест и да го забрза влошувањето на состојбата на мозокот.

Научниците советуваат следниот пат кога ќе оставите предмет некаде, да создадете јасна слика за тоа место во вашата глава.

Обрнете внимание на околината, без разлика дали површината на која сте ја оставиле е направена од стакло или дрво, како и за тоа каква боја има. Дали има уште некој предмет во близина. Колку повеќе детали запамтите, толку полесно ќе го пронајдете предметот подоцна, и на тој начин ќе го „вежбате“ мозокот и ќе ја подобрите меморијата, а со тоа ќе го намалите и ризикот од Алцхајмерова болест.

Уште еден интересен трик

Рут Пропер од Американскиот универзитет во Монтклер верува дека силниот стисок на десната дланка во моментот на меморирање на информации помага подобро да се запомни.

Научниците ова го припишуваат на фактот дека во моментот на стегање на раката се активираат областите на мозокот поврзани со меморијата. Тие објаснуваат дека стискањето на десната рака ја активира левата хемисфера на мозокот, која е одговорна за кодирање на меморијата.

Слични содржини