Четири дена не може да се утврди дали суспектно лице има мајмунски сипаници, велат од ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski
195 прегледи

Во секој сегмент од државата се случува распад на ситемот. Последен случај за тоа е во здравството. Во Македонија институциите 4 дена не можат да утврдат дали има или нема мајмунски сипаници, заразна болест која зема силен замав во цела Европа, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Едно лице кое што е суспектно им избега од болница, одбивајќи да се тестира и сега се обидуваат да стапат во контакт со него. Оттука логично се поставува прашањето дали ова лице не е опасност по здравјето и животите на другите луѓе? Дали ова лице може да ја прошири болеста и на тој начин работите да излезат од контрола? Лицето кое е суспектно и кое е можен заболен со мајмунски сипаници треба да биде под здравствен надзор, а тоа треба да се овозможи преку ангажирање на сите надлежни институции, објаснуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, „недозволиво е да се креваат раменици и да се дозволи суспектни или заболени лица да се шетаат слободно и да загрозуваат други“.

-Свесни ли се дека на тој начин може да предизвикаат епидемија, па наместо да се спречи ќе треба да се лечи, ккао што вели народот, истакнуваат од „Белата палата“.

Слични содржини