Google ги мами своите корисници со снимање на нивната локација дури и во случаи кога тие ја исклучиле опцијата на нивните телефони и прелистувачи, според тужбата против компанијата, заведена во Вашингтон и уште три американски држави од нивните главни обвинители, пишува The Wall Street Journal.
Во тужбата, поднесена од окружниот јавен обвинител на Вашингтон, Карл Рејсин, се вели дека Google ги доведува во заблуда корисниците и ветил дека нема да собира и задржува податоци за тоа каде се тие доколку ја исклучат опцијата. Исто така, се наведува дека Google продолжува да ги следи корисниците преку податоци од пребарувачите, Maps, Wi-Fi и Bluetooth услугите.
„Реалноста е дека корисниците кои ги користат производите на Google немаат друг избор освен да и дозволат на компанијата да ја собира, складира и користи нивната локација“, се вели во тужбата.
Слични тужби веќе се поднесени во Индијана, Тексас и Вашингтон.
Google се изјасни за невин и рече дека наводите се „неточни“. Портпаролот Хозе Кастанеда исто така рече дека во последниве години компанијата направила промени во поставките за да ја подобри доверливоста на податоците на корисниците.
Обвинителите цитираа внатрешни документи од компанијата, вклучително и изјава од вработен во Google, кој рече дека поставките „се чини дека се доволно тешки за луѓето да не ги разберат“.
Тужбите доаѓаат во време кога законодавниот дом и регулаторите во Вашингтон ги разгледуваат промените за зголемување на заштитата на податоците на потрошувачите од Министерството за правда.