Четири хиени избегаа од зоолошка градина во Белгија

од Radmila Tasevska

Старо паднато дрво им овозможи на четири хиени да побегнат од своето живеалиште во зоолошката градина „Планкендел“ во градот Мejзен во североисточната белгиски провинција Лимбург, објави „Брисел Тајмс“.

Според весникот, дрвото паднало врз оградата на живеалиштето на хиените, создавајќи импровизиран мост, што им овозможило на четирите диви животни да побегнат.

Сепак, тие набрзо бил пронајдени и чуварите на зоолошката градина безбедно ги вратиле во нивното живеалиште.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, инцидентот се случил вчера во раните утрински часови, во време кога зоолошката градина се уште не била отворена за посетители.

По санирање на штетата од паднатото дрво и целосна проверка на околината, зоолошката градина во текот на денот продолжила со редовната работа.

Слични содржини