Врските можат да бидат одлични, но за жал, има и такви кои не се. Меѓутоа, желбата да бидеме со некого и стравот од осаменост честопати доведуваат до тоа во врската, со цел истата да потрае, да си кажуваме некои лаги.
Многумина од нас во одреден момент од животот се довеле во заблуда за квалитетите на партнерот. Честопати го правевме тоа сè до моментот кога ќе се освестиме и ќе ја прекинеме врската.
Залажувањето е особено вообичаено на почетокот на врската, кога навистина сакаме да функционира. Но, тоа нема да донесе ништо добро. Затоа е важно да престанете да си кажувате одредени лаги за врските, особено на нивниот почеток и на време да продолжите понатаму.
Четири лаги кои мора да престанете да си ги кажувате во врските издвоил терапевтот Џеф Гинтер од Портланд.
1. Нашите големи разлики ќе се избалансираат
Иако разликите понекогаш се добри и треба да постојат, доколку се преголеми и ве ставаат на спротивставени страни кога се во прашање важните животни прашања, со текот на времето тоа сигурно ќе предизвика тензии кои ќе се претворат во поголеми проблеми и многу веројатно ќе доведат до раскинување.
2. Можам да променам личност дури и ако тоа не го сака
Не се залажувајте. Не можете да промените некој што не сака да се промени. Дури и да се случи некаква промена, другата страна, која не ја сакала таа промена, со текот на времето ќе почне да ви замерува.
3. Работите ќе се подобрат со текот на времето
Оптимизмот е одличен, но ако на самиот почеток на врската треба да се залажувате затоа што ситуацијата не е многу сјајна, мора да бидете свесни за фактот дека ситуацијата многу веројатно нема да се промени на подобро. Баш напротив, ќе се влоши.
4. Никогаш нема да најдам некој како него/неа
Ова не е вистина. Освен тоа, опасно е да воздигнувате некого толку многу, особено ако се соочувате со проблеми. Веројатно сте заљубени во идеја која не е реална и би можеле да се разочарате.