Четири лица беа убиени во пукање во близина на Балтимор во САД, пренесува „The New York Times“.
Меѓу убиените е и напаѓачот.
Имено, полицијата одговорила на пријава за пукање и пожар вчера на 20 километри западно од Балтимор и уби вооружен напаѓач кој убил три лица.
„Полицијата пронајде вооружен човек и заканата беше неутрализирана“, рече Џој Стјуарт, портпарол на локалниот полициски оддел.
Мажот убил двајца мажи и една жена, а идентитетот на убиецот и жртвите не е познат.
„Според сегашните сознанија, жртвите се во роднинска врска“, рече Стјуарт.
Што се однесува до пожарот, беше речено дека пожарот бил подметнат и се проширил на две соседни куќи.
Тимоти Ростковски, раководител на локалното противпожарно одделение, рече дека куќата од која започнал пожарот се срушила.