Четири лица загинаа денеска откако се урна воен хеликоптер во станбен реон во азискиот дел на Истанбул, изјави градоначалникот Али Јерликаја.
– Воениот хеликоптер се урна додека се обидувал принудно да слета врз станбен комплекс во квартот Чекмекој, во азискиот дел на Истанбул, напиша Јерликаја на Твитер, додавајќи дека нема повредени меѓу граѓаните.
Засега не е позната причината за несреќата, а во тек е истрага за случајот.
Претходно, истанбулскиот градоначалник истакна дека четворица војници биле повредени и веднаш префрлени в болница.