Четири освежителни пијалоци за топлите денови

од Stefanija Kuzmanovska
235 прегледи

Фактот што водата нема вкус, за време на високите температури наведува многумина да ја гаснат жедта со слатки и газирани сокови, што воопшто не е добро.

Ако додадете малку овошје и билки во водата, ќе добиете освежителен пијалок, сосема природен и што е најважно, ќе можете да ја пиете таа здрава доза од осум чаши вода дневно, советуваат нутриционистите. Еве неколку комбинации кои ги пренесуваме од „Хафингтон пост“.

Краставица и нане
Идеално за релаксација. Крцкавата краставица е совршено надополнета со освежително нане, кое природно смирува и добро делува против мачнини.

Јагода, боровинка и капина
Ова трио ќе даде одличен вкус на водата и ќе ви ја врати енергијата. Бобинките се богати со витамини, влакна и антиоксиданси, па затоа е добро да ги пиете кога ќе почувствувате вироза.

Боровинка и лаванда
Доколку сте под стрес, слободно ставете ги овие две состојки во чаша вода! Лавандата не само што мириса одлично, туку помага и при анксиозност и несоница, па може да го подобри вашето расположение во моментот. Од друга страна, витаминот Ц и магнезиумот во боровинките го намалуваат нивото на стрес, а бидејќи боровинките се богати со влакна, тие се корисни за оние кои имаат висок крвен притисок.

Лимон и малина
Комбинација идеална за смирување на гневот. Лимонот го намалува стресот, додека малините се одличен извор на витамин Ц, кој го зајакнува имунитетот. Комбинацијата на кисело и слатко ќе му даде на вашиот пијалок неверојатен вкус.

 

Слични содржини