Четири руски борбени авиони упаднаа во шведскиот воздушен простор

од Nikola Popovski
192 прегледи

Четири руски борбени авиони упаднале во шведскиот воздушен простор, тврдат шведските вооружени сили.

-Тие накратко го нарушија шведскиот воздушен простор источно од островот Готланд во Балтичкото Море, соопшти тамошниот Генералштаб.

„Два Сухој Су-27 и два Сухој Су-24 го нарушија шведскиот воздушен простор“, се вели во соопштението на шведската војска, додека инвазијата на Украина повторно го покрена прашањето за членството на Шведска во НАТО.

Шведска го затвори својот воздушен простор за сите руски авиони.

Да потсетиме, земјите од Европската унија им забранија на руските авиони да слетуваат на европските аеродроми, а потоа истата мерка ја презеде и Русија.

Како резултат на тоа, сите воздушни линии меѓу ЕУ и Русија беа прекинати.

Ввропските авиони не летаат ниту над Белорусија, а поради воената состојба со денови нема летови над Украина.

Слични содржини