Четирите жртви во Косово биле нападнати со нож зошто биле од заедницата Роми, Ашкалии, Египќани

од Milan1
104 прегледи

Специјалното обвинителство на Косово побара едномесечен притвор за мажот кој се предаде во Урошевац поради напад со нож врз четири лица. Според нивните изјави, нападите наводно биле мотивирани од етничката припадност на жртвите, кои се од заедницата Роми, Ашкалии, Египќани (РАЕ) во Косово. Во меѓувреме, Основниот суд во Урошевац на ова лице му одреди мерка притвор, објави косовскиот медиум Коссев.

Девојчињата, за кои медиумите јавија дека се на 10-годишна возраст, се движеле по улица, каде што напаѓачот им пришол одзади и ги ранил со нож од грб.

„Исто така, според Обвинителството, обвинетиот Ф.И. истиот ден околу 15.30 часот, намерно поради неговата етничка припадност, се обидел да му го одземе животот на повредениот Н.М., член на заедницата РАЕ, на тој начин што додека оштетениот влегувал во кафетерија, пријавениот го нападнал со истиот нож, удирајќи го во пределот на главата, грлото и десниот образ, при што му нанел тешки телесни повреди. Истиот ден околу 15 часот и 53 минути, намерно поради неговата етничка припадност се обидел да му го одземе животот на повредениот Е.А., припадник на заедницата РАЕ. Додека оштетениот се движел, пријавениот со истиот нож го нападнал удирајќи го одзади во пределот на плешката, при што му нанел тешки телесни повреди“, се вели во соопштението.

Слични содржини